Разбудете го детето во себе и направете домашни крем банани во кои ќе уживаат најмалите… а и возрасните нема да ги одбијат 🙂
Состојки:
- 200 мл вода
- 2 кеси желатин
- 100 гр чоколадо
- 750 гр шеќер
- екстракт од банана
Начин на подготовка:
- Водата нека зоврие, а во меѓувреме додадете го шеќерот. Откако ќе зовријат и ќе се оладат, ставете го желатинот. Уште пет минути мешајте на тивок оган, а потоа додадете го екстрактот од банана и мешајте со миксер за да се соедини целата смеса.
- Ставете ја смесата во тава, растопете го чоколадото и полијте го одозгора.
- Оставете да се излади во ладилник и сервирајте.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Сигурно не сте слушнале за овој рецепт но ќе ви стане омилен: Поховани банани
Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела
Напиток кој заменува 100 стомачни
Ви здодеа од кафето? – Банана и кикиритки, нешто различно во кујната
Напиток кој го менува денот -Смути од кафе и банани