Направете еден поинаков сендвич од она што сте го пробале до сега. Похован сендвич со моцарела е супер рецепт за вас и вашите најмили.
Состојки:
- 12 тост лепчиња
- 200 гр моцарела
- 200 мл млеко
- 1 лажичка вегета
- 200 гр презла
- 300-400 мл масло за пржење
Начин на подготовка:
- Исечете ги тост лепчињата и моцарелата на половинки.
- Ставете го моцарела сирењето на средина и преклопете, па сендвичот убаво поминете го во млеко, па ставете вегета и презла.
- Пржете во загреана тава со масло додека да не се испече од двете страни.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки