Направете вкусна и здрава вегетаријанска чорба. За овој ручек потребни ви се околу 40 минути.
Состојки:
- 2 конзерви грав
- 1 конзерва пченка
- сос од домати
- 1 лажица масло
- 1 чешне лук
- 1 кромид
- 2 моркови
- 1 лажица ким
- 4 чаши вода
Начин на подготовка:
- Во лонец ставете ги маслото со кромидот и лукот и морковите.
- Додајте зачини и 4 чаши вода и оставете да се динста.
- Додајте ја едната конзерва грав и пченката во лонецот.
- Во блендер смелете ја втората конзерва грав и сосот од домати.
- Додајте ги во чорбата и гответе 15 минути на среден оган.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт