Солен куглов – вистински деликатес од вашата кујна.
Состојки:
- 4 јајца
- 150 гр масло
- 150 гр јогурт
- 150 гр кисели краставички
- 300гр брашно
- 150 гр салама
- 150 гр кашкавал
- 1 лажица сол
- 1 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Се матат јајцата и потоа се додаваат маслото, јогуртот, краставичките кои претходно ги сечкаме, па саламата и кашкавалот и ја мешаме смесата.
- Ги додаваме брашното, печивото и малку сол па мешаме.
- Кугловиот калап го премачкуваме со масло и ја истураме смесата.
- Печеме на 250 степени додека не зарумени.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Направете солени мафини за 3 минути