ВИДЕО рецепт: Шестгодишно дете направи сладолед – Facebook го награди со 2000 долари

ВИДЕО рецепт: Шестгодишно дете направи сладолед – Facebook го награди со 2000 долари

Шестгодишниот Нихал Раџ од Индија, кој стекна огромна популарност на YouTube заради својот рецепт за сладолед, доби 2.000 долари за авторски права од Фејсбук.

Детето познато под прекарот Кича, готви од својата четиригодишна возраст, а дарбата ја наследил од својата мајка, која е професионален пекар. Момчето има и сопствен блог, а од 2015 година своите рецепти ги објавува и на својот канал на YouTube. Видеата најчесто се кратки и опишуваат едноставни рецепти за слатки.

На почетокот, Кича своите видеа ги снимал со смартфон, а потоа почнал да употребува и професионална камера. Својата слава тој ја стекна по видеото на кое прави „Мики Маус Манго“ сладолед, за кој Фејсбук потоа ги откупи правата.

Родителите велат дека сепак внимаваат нивниот син да не троши повеќе од два часа на ден на своето хоби.

Преземено од Прес24

Скапо ви е 20 денари за топче? Погледнете ја цената на овој сладолед

Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)

Прочитај интересни Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Сладолед од кокос и боровница – неодолив домашен рецепт

Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки

ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед

Умереното јадење сладолед не дебелее и е позитивно за здравјето

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси