Ви здодеа вообичаениот начин на подготовка на пица? – направете Пица ролат

Ви здодеа вообичаениот начин на подготовка на пица? – направете Пица ролат

Ви здодеа од вообичаениот начин на подготовка на пица? Ви нудиме одличен рецепт со загарантиран вкус – пица ролат кој вреди да се проба.

Состојки:

  • Свежи кори за пита
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја брашно
  • 3 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • прашок за печиво
  • 300 гр шунка
  • 300 гр кашкавал
  • 300 гр кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Со миксер изматете ги маслото, брашното, јајцата, јогуртот и прашокот за пециво и додадете зачини за да направите фил
  2. Кората поделете ја на три групи, во секоја по пет листа. Сите редете ги едни врз други, помеѓу намачкани рамномерно со филот.
  3. На петата кора ставете тенки парчиња шунка и кашкавал, малку оригано и кечап. Најодозгора ставете сусам.
  4. Ставете да се пече во подмачкан плех околу 20 минути.

На здравје!

 Поврзани вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица

Печена пица палачинка

Пица на два ката

ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

singlepost_text