Верувале или не, може да направите вкусен вегетаријански специјалитет со наут. Одличен вкус и многу здравје во чинија.
Состојки:
- 2 конзерви наут
- 2 ситно сецкани кромидчиња
- 6 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица ким во прав
- 1 лажица мелен коријандер
- масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во тава на маслиново масло пропржете го кромидот додека не омекне, па додадете ги зачините со ситно исечканиот лук. Пржете една минута.
- Додајте го наутот со водата од конзерва и варете неколку минути на тивок оган.
- Сервирајте додека е топло.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Ручек идеја: Компир со сланина – прсти да излижеш
Рецепт кој го менува животот – направете ручек со три состојки