Доколку сте правеле некој специјалитет во кујната и ви останало лиснато тесто, тогаш употребете го за да приготвите супер вкусен и брз десерт.
Состојки:
- 200 гр лиснато тесто
- 6 лажици еурокрем
- 6 лажици џем од јагоди
- 6 лажици мелени ореви
- 6 лажици мелена плазма
- 1 јајце за премачкување
- малку бела и црна чоколада
Начин на подготовка:
- Од тестото исечете триаголници со големина 10×10 см.
- На секој триаголник ставете лажица џем, па потоа еурокрем, лажица ореви и плазма.
- Краевите оставете ги без глазура, а намачкајте ги со малку вода
- На плех ставете хартија за печење, наредете ги триаголниците, секој од нив премачкајте го со јајце и печете 10 минути на 220 степени.
- Кога ќе ги извадите, ставете им малку од чоколадото кое ќе го растопите
Добар апетит! Се топат во уста!
Поврзани вести на Gotvi.mk: