Ви дојдоа ненајавени гости? – направете проја кифлички

Ви дојдоа ненајавени гости? – направете проја кифлички

Кога ќе ве изненадат драги гости, а немате многу време да направите нешто вкусно, овие брзи проја-кифлички ќе бидат одлични за да ги послужите. Можете и да си замрзнете од нив, па да ги стоплите во микро за секоја пригода.

Состојки:

  • 1 чаша пченкарно брашно од 2 дл
  • 1 чаша брашно
  • ½ шолји масло
  • 1,5 чаши јогурт или млеко
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 200 гр сирење

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки и ставете ги во калап, претходно намачкан со маргарин.
  2. Печете во претходно загреана рерна 30 минути.
  3. Послужете ги топли со кулен, сирење, јогурт… по желба. Ние би избрале кулен на Пекабеско.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Топли кифлички кои се топат во уста

Кој е за топли кифлички?

Домашни кифлички

Неодоливо вкусни кифлички

Млечни кифлички

Кифли на војводински начин

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

 

 

singlepost_text