Ќе ги правите секој ден – Летен рецепт за полнети тиквички

Ќе ги правите секој ден – Летен рецепт за полнети тиквички

Вкусно, лесно и неодоливо – ова е Gotvi.mk препораката за летниот рецепт за полнети тиквички кој ни го испраќа Тина Алексовска. Прочитајте ги деталите:

Состојки за 2 порции:

  • 2 тиквички
  • 1 компир
  • 1 домат
  • масло за готвење
  • зачини
  • сирење
  • кашкавал

Полнети тиквички Тина 1

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките се сечат на краевите, а потоа и на половинки по должина. Издлабете ги со лажичка да добијат изглед како чамче.
  2. Во тава наредете ги доматот и компирот ситно сечкани, како и внатрешноста од тиквичките која претходно ја издлабивте. Одозгора наредете ги тиквичките.
  3. Ставете зачини по избор, масло за готвење и малку вода и печете во загреана рерна на температура од 200 степени додека да фатат тиквичките боја и да се потпечат.
  4. Во меѓувреме иситнете малку сирење и изрендајте кашкавал по избор. Кога ќе бидат потпечени тиквичките, извадете ја тавата и наполнете ги со кашкавалот и сирењето.
  5. Вратете во рерна да се пече уште дополнителни 5 – 10 минути.

На здравје!

Полнети тиквички Тина 2

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Изненадете го семејството со полнети запечени тиквички

Полнети тиквици

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Ќофтиња од тиквичка

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек