Навикнати сме на пржени или печени компирчиња, но ваков специјалитет не сте пробале до сега. Готви.мк ви нуди деликатес кој ќе биде сервиран на масата за помалку од 45 минути.
Состојки:
- 1 кг компири
- 500 гр сирење
- 200 гр кисела павлака
- сол
- лук
- 50 гр масло
- маслиново масло
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Изберете поситни компири, излупете ги, па исечете ги по должина, а потоа варете ги во солена вода со малку масло.
- На маслото испржете го лукот, пола ставете го кај компирот, а половина во сирењето и павлаката, заедно со солта и зачините по избор.
- Откако ќе се свари компирот додадете од смесата на него.
- Наш предлог: Послужете со салата од краставички
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Ручек идеја: Компир со сланина – прсти да излижеш