Во летните денови направете си пијалок кој ќе ви помогне за детоксикација на организмот. Потребни ви се неколку состојки и десетина минути за здрав пијалок од вашата кујна.
Состојки:
- 2 литри вода
- 1 лажица ѓумбир
- 1 тенко исечена краставица на тркалца
- 1 лимон исечкан на парчиња
- 12 листови нане
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во еден сад.
- Оставете ги преку цела ноќ.
- Утредента обидете се да ја испиете целата исцедена течност постепено во текот на денот.
Освежително и здраво!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Изобилство витамини во чаша – грижете се за здравјето
Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија полна здравје
Дињата како лек – свежина и здравје во летните денови
Хранливо и вкусно смути – дневна доза витамини
Брзо и освежително – смути од шумски плодови
Изобилство на витамин Ц – Киви и лимон – совршено за летото