Американските палачинки се вистински специјалитет со кој може да се насладувате. Ви го нудиме најдобриот рецепт за вкусни американски палачинки.
Состојки:
- 1,5 чаши брашно
- 3,5 лажици прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1,4 чаши млеко
- 1 јајце
- 3 лажички растопен путер
Подготовка:
- Ставете го брашното во посебен сад и додадете ги прашокот за печиво, шеќерот и солта.
- На средината на смесата направете дупка каде ќе ги додадете млекото, јајцето и путерот.
- Матете додека не се соедини.
- Загрејте тава за палачинки и намачкајте ја со малку масло. Сипете од смесата.
- Печете од двете страни и сервирајте. Може да послужите со мармалад, крем или некој намаз по ваш избор.
Добар апетит! Совршен појадок за старт на денот!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Палачинки за гурмани
Заборавете како сте правеле палачинки – ви требаат само две состојки
Вкусни палачинки на кои никој не може да им одолее
Направете палачинки кои ќе можете да ги јадете неограничено
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди