Навикнати сме на традиционалниот вкус на полнети пиперки со мелено месо, меѓутоа овој посен специјалитет од сега постојано ќе го правите. Ем е вкусно, ем од него нема да се дебелеете.
Состојки:
- 5-6 бабури
- 5-6 компири
- 200 гр брокула
- 2-3 моркови
- зачини
- магдонос
Подготовка:
- Пиперките исчистете ги и подгответе ги за полнење со смесата.
- Компирите најпрво излупете ги и варете ги во сад заедно со морковот и брокулата.
- Во сварениот зеленчук додадете магдонос и зачини по избор.
- Наполнете ги пиперките , сипете малку масло одозгора, и печете околу 30 минути на 180 степени.
ДОБАР АПЕТИТ!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Специјалитет на денот: Пита со мелено месо
Лесковачка урнебес салата – одлична промена во кујната
Печени тиквички со пилешко и зеленчук