Ананасот е овошје погодно за летниот период. Може да се јаде свежо, со него да се прават сокови, смути, некоја вкусна торта или колач…во секој случај има големи придобивки за нашето здравје од него. Ананасот го подобрува имунолошкиот систем. Содржи 50 проценти од дневната потреба на витамин Ц кој благодарение на одличните антиоксидантни својства го намалува нивото на слободни радикали во организмот и ги штити клетките од оштетување.
Исто така, ананасот содржи речиси 75 проценти од препорачаната дневна количина на манган и ги штити нашите коски.
Помага и за намалување и ублажување на хроничните болести.
Затоа, тркнете во маркет и веднаш купете ананас.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Полнет ананас со ориз и пилешко
Хранливо и вкусно смути – дневна доза витамини