Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“

Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“

Тинекс свечено го отвори комплексот „Македонско село“, лоциран во село Нерези, во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“.

Етно-комплексот се простира на површина 12.000 метри квадратни и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Има автентични куќи од различни краишта на Македонија со сместувачки капацитет за сто гости. Во состав на комплексот се наоѓаат и хотел, ресторани и многу дополнителни содржини.

Цветанка Христовска, бренд-менаџер на Тинекс, посочи дека нивна визија е „Македонско село“ да понуди врвна услуга, пријатен престој и незаборавно искуство со уникатни содржини низ кои се промовира македонската култура.

„Чест и задоволство, а истовремено и голем предизвик е што ја имаме можноста да стопанисуваме со овој уникатен комплекс каде секојдневно ќе се раскажува македонската приказна“, истакна Христовска.

Тинекс и хотел Квинс ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на комплексот „Македонско село“

„Патлиџан туризам“ – Еве како поминале туристите викендов на грчката граница

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

ФОТО: Џејми Оливер чека петто дете

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

 

Преземено од Прес24

singlepost_text