Зелена чинија со одличен вкус: Направете чорба од грашок

Зелена чинија со одличен вкус: Направете чорба од грашок

Направете чорба од грашок која е брзо и здраво предјадење за цело семејството. А, за вкусот да не зборуваме, фантастичен е…

Состојки:

  • 450 грама грашок
  • 250 грама павлака за готвење
  • лимон
  • сол
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Ставете го грашокот убаво да се свари во вода во која претходно сте ставиле малку сол.
  2. По варењето убаво испасирајте го со малку од водата во која се варел. Ставете ја павлаката за готвење. Варете на среден оган уште неколку минути и мешајте се да се соедини. По потреба и вкус додадете уште малку од водата во која го варевте грашокот.
  3. На крај, кога ќе го тргнете од ринглата, додадете го лимоновиот сок. Сервирајте во чинии и декорирајте со магдонос.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Рибја чорба

Телешка чорба со домашно лепче

Крем чорба од тиква и компири

Пролетна супа

Посна чорба која е неодоливо вкусна

Крем супа од моркови

 

singlepost_text