Ако сè уште внесувате многу малку храна во организмот, се изгладнувате или пак ги сметате внесените калории, ќе мора да ве разочараме – оваа идеја од пред неколку децении, за намалување на тежината, со текот на времето се докажа неточна.
Во продолжение пронајдете ги своите најчести навики кои ве изложуваат на зголемување на тежината и преземете соодветни решенија.
- Не барате совети од нутриционист
Не можете се да знаете сами. Ако имате проблем со тежината, посетете лекар или нутриционист кој ќе ви подготви план на исхрана според вашите потреби и стилот на живот.
- Спиете премалку или премногу
Според спроведените истражувања, личностите кои спијат три часа помалку од просечното, имаат поголема тежина од оние кои спијат 7 до 9 часа. Исто така, и личностите што спијат повеќе од 9 часа се склони кон зголемување на тежината.
- Јадете „бесплатни“ грицки
Некои чипсови, кикиритки, чоколади или бонбони кои ги служат во кафулињата или рестораните навистина може да ви пречат. Само затоа што не плаќате за нив, не значи дека нема да ве здебелат.
- Пиете премногу сокови
Без оглед на тоа дали соковите се газирани или не, ако не се свежо исцедени и незасладени, ве дебелеат повеќе од што мислите. Еден литар сок има калории речиси исто како еден чизбургер.
- Прескокнувате оброци
Повеќето луѓе сметаат дека прескокнувањето на оброците ќе им помогне во намалување на тежината. Меѓутоа, прескокнувањето на оброкот само го забавува метаболизмот, а со тоа следниот оброк ќе имате потреба да биде пообемен.
- Јадете пребрзо
Не заборавајте: Потребни се околу 20 минути додека сигналот на заситеност стигне од желудникот до мозокот.
- Гледате премногу телевизија
Ако грицкате додека гледате некој интересен филм, внесувате многу повеќе калории отколку што сте свесни. Истото и се случува со гледањето телевизија додека го јадете ручекот или вечерата, така што избегнувајте ја оваа комбинација и сконцентрирајте се исклучиво на тоа колку храна внесувате додека јадете.
- Се прејадувате на гости
Тоа што храната е бесплатна или премногу вкусна, не значи дека треба константно да се прејадувате, каде и да одите. Истражувањата покажуваат дека луѓето внесуваат повеќе калории кога пред нив има поставено шведска маса, за разлика од тогаш кога самите го одредуваат и нарачуваат својот оброк.
- Јадете од преголеми чинии
Тоа што сакате да имате голема интересна чинија на трпезата, не значи дека треба да ја преполните. Задржете се до количината која ви е неопходна и покрај тоа што преполнетата голема чинија изгледа привлечно.
- Користите ги чиниите за сервирање
Кога јадете во кругот на семејството, сервирајте по една порција во сечија чинија. Докажано е дека што повеќе храна има на масата, толку полесно ќе посегнете по нешто плус.
- Мислите дека интегралниот леб не дебелее
Интегралниот леб е поздрав избор, но има повеќе калории дури и од белиот.
- Гризете големи залаци
Оние кои имаат поголеми залаци од обично, внесуваат околу 52% повеќе калории отколку оние кои внесуваат помали.
- Премногу зборувате околу јадењето или пак гледате емисии за храна
Оној момент кога гледате како нешто се готви или пак истото го објаснувате, сигурно имате повеќе желба за јадење, без разлика кога и колкав бил вашиот претходен оброк.
- Не пиете доволно вода
Водата е основна потреба за нормално функционирање на телото. Бидете сигурни дека имате доволно вода во вашето тело, бидејќи често пати организмот ги меша гладта и жедта, па наместо една чаша вода може да внесете некоја калорија повеќе.
- Имате дебели пријатели
Ако сте најслаби во друштвото, тогаш вашите шанси за дебелеење се зголемени за 57 %, веројатно заради друштвените норми и стандарди. Од ова правило има многу исклучоци.
- Јадете прекасно
Поставете си го добро познатото правило, дека се што ќе внесете подоцна од 20 часот, ќе бидат неколку чаши вода или овошје во умерени количини. Касните вечерни оброци може да го нарушат и најважниот оброк во денот, појадокот.
- Не ја мерите вашата тежина
Престанете да ја избегнувате вагата. Мерете се неколку пати неделно, можеби ќе добиете поголема мотивација за намалување на тежината, отколку ако не сте запознаени со неа.
- Емоциите ги лекувате со храна
За жал, храната не помага да ги решите емоционалните проблеми, само ќе ја зголемат вашата депресија заради вишокот килограми.
- Константно сте под стрес
Сите живееме во средина во која имаме задачи и обврски, но тие не треба да претставуваат пречки во вашата исхрана. Избегнувајте го стресот како изговор за прескокнување на оброците.
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Со Нордиска диета слабејте без гладување
Протеините – основа на ефикасните диети
ВАЖНО: 5 намирници за рамен стомак ова лето
Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена
Брза диета според вашата градба на тело
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко
Преземено од Хајд Парк