Гравот не е само за манџа – Направете вкусна салата

Гравот не е само за манџа – Направете вкусна салата

Гравот не е само за манџа или гравче тавче. Иако и вака е превкусен, со оваа намирница можете да направите една вкусна и поинаква салата.

Состојки:

  • 250 гр грав
  • кромид
  • магдонос
  • целер
  • рдоква
  • авокадо по вкус
  • сол и црн бибер
  • масло за јадење
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Како и секој пат кога приготвуваме грав, оставете го убаво да отстои во вода.
  2. Фрлете ја првата вода и сварете го во друга вода.
  3. Потоа ставете го во сад, па додадете го измиениот и исечкан зеленчук и измешајте.
  4. Балансот на зеленчукот одредете го самите според омилениот вкус.
  5. Додадете масло, лимонов сок и зачини по вкус.

 

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text