Ова јадење е вистински специјалитет кој може да го послужите со добро вино. Кога ќе го наредите во тавче и испечете, ќе добиете бои слични на бајадера 🙂
Состојки:
- 3-4 сварени батаци
- 300 грама шунка
- 300 грама кашкавал
- 2 павлаки
- 3-4 јајца
- масло
- сол
- црн бибер
Начин на готвење:
- Во подмачкано тавче се редат батаците иситнети на парчиња, ставаме сол и црн бибер врз нив. Врз нив ја ставаме шунката, потоа и кашкавалот.
- Смесата се полева со јајцата со павлака.
- Се пече на загреана рерна на 220 степени 15-20 минути.
Сервирајте со свеж домат и краставица. На здравје!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Гнездо од компири со селско месо
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Селско месо по едноставен рецепт
Повеќе Gotvi.mk рецепти за главни јадења