Најдобар рецепт за пирошки

Најдобар рецепт за пирошки

Овој рецепт за пирошки ни го испрати Мирјана Стефаноски. Овие пирошки се многу повкусни и имаат поавтентичен вкус отколку оние од палачинка или инстант палачинките со тост лепче. Погледнете го нејзиниот рецепт:

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 100 гр маргарин
  • 300 гр варени компири (изгмечени како за пире)
  • 2 лажици зачин

Сè се меша, а потоа се додава:

  • 300 мл млеко
  • квасец (две коцки)
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 700 гр брашно

Начин на подготовка:

  1. Квасецот ставете го да стаса во дел од млекото. Се замесува со брашното.
  2. Тестото се дели на два дела. Од секој дел се сучи кора и се сече на квадратчиња кои откако ќе се наполнат со фил се виткаат како пирошки.
  3. Се поминуваат во изматена белка (бидејќи жолчките одат во тестото), потоа во презла и се пржат.

На здравје! Испратете ни го и вие вашиот омилен рецепт на gotvi@gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

Фото: La cuisine creative

singlepost_text