Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

Ви нудиме одлична рафаело торта во која ќе уживате заедно со семејството и вашите пријатели.

Состојки за кори:

  • 8 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 200 гр кокосово брашно
  • 6 лажици млеко
  • 6 лажици масло
  • 4 лажици густин
  • 2 лажици печиво

Состојки за жолт фил:

  • 300 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 150 гр путер
  • 100 гр мелени лешници

Состојки за кафеав фил:

  • 8 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 150 гр чоколада за готвење
  • 150 гр путер
  • шлаг за декорација

Начин на подготовка:

  1. 4 белки изматете ги со 4 лажици шеќер. Кога пенесто ќе се измати додајте 100 гр кокос, 3 лажици млеко, 3 лажици масло, 2 лажици густин и една лажица печиво. Печете на 180 степени додека не се исуши горниот слој. Истото повторете го со остатокот од состојките. Кога корите ќе бидат испечени попрскајте ги со млеко.
  2. Ставете на оган 300 мл млеко со 5 лажици шеќер. Кога ќе проврие додајте го пудингот од ванила. Во изладената смеса додајте го путерот и 100 гр пропржени мелени лешници.
  3. Изматете ги 8-те жолчки со 8 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Сето тоа правете го на пареа. Додајте 150 гр чоколада за готвење и продолжете со мешање додека смесата не се изедначи. Оставете ја смесата да се излади, а потоа додајте го путерот.
  4. Редете кора, па жолт фил, и најодозгора кафеав фил.
  5. На крајот може да ја декорирате тортата со шлаг и рафаело топчиња.

Верувајте сите ќе уживаат во вкусот!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

Фото: momdish.com

singlepost_text