Се подготвувате за ручек со семејството или сакате да изненадите некој за посебна прилика? Направете селска тава која сите ќе ги освои по овој рецепт.
Состојки:
- 500 гр свинско месо
- 300 гр чадено свинско месо
- 300 гр свежи печурки шампињони
- 1/2 кг исечкан кромид
- 250 гр рендан кашкавал
- 100 мл бело вино
- 100 мл вода
- сол
- бибер
Начин на готвење:
- Месото се сече на парчиња и се пропржува во тава на врело масло за готвење, а откако ќе добие боја, го тргаме настрана. Маснотијата ја користиме да ги испржиме кромидот и печурките. Се ставаат сол, бибер и зачини по желба.
- Сè се ставаат во земјена тава, се налева вино и вода и се затвора со алуминиумска фолија или соодветен капак. Печете на 180 и 200 степени неколку часа, додека да биде приготвено според ваш вкус.
- Пред да го сервирате, одозгора изрендајте го кашкавалот и ставете го повторно во рерната да се пече, додека кашкавалот да фати кора.
Уживајте! Добар апетит 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Гнездо од компири со селско месо
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки