Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Со овој десерт нема да загубите многу време во кујна. Постојано ќе го правите за своите најблиски.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 6 лажици шеќер
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1 шолја млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 шолја брашно
  • 1 прашак за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 дл млеко
  • 150 гр маргарин
  • 2 пудинзи од ванила

Начин на подготовка:

  1. Со миксер измешајте ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер. Полека додавајте го млекото и сите останати состојки освен пудинзите. Распоредете ја смесата на намачкан плех и ставете ја да се пече околу 25 минути на температура од 180 степени.
  2. Кога ќе го извадите од рерната, веднаш полијте го со 2 дл млеко кое претходно е помешано со малку рум.
  3. Кремот направете според упатството на кесичката на пудинзите од ванила и ставете го кога колачот целосно ќе се олади.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Најбрзиот колач на светот: Измешајте брашно и сладолед и ќе добиете колач за 5 минути

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Пржена банана

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

singlepost_text