Поголемиот дел од нас сме навикнати на вкусот на традиционалната мусака со мелено месо и уживаме во него, но овој пат ви нудиме еден малку поинаков рецепт. Мусаката полна со зеленчук е и вкусна и здрава. Еве како да ја приготвите:
Состојки:
- 1 килограм модар домат
- 2 домати
- 3 јајца
- 200 грама сирење
- 200 грама хопла
- масло за јадење
- сол
- бибер
- кромид
Начин на готвење:
- Измиените домати исечете ги на кругови, посолете ги и оставете да се исцедат. Половина од нив испржете ги во тава. Исечете го кромидот и другиот дел од доматите и додадете сол, бибер, и зачини по ваша желба. Се измиксирајте и испасирајте. Потоа додадете го сечканиот модар домат.
- На страна иситнете го сирењето, додајте ја хоплата со јајцата и добро матете. Половина од оваа смеса додајте ја на пасираната смеса, а другата половина чувајте ја за подоцна.
- Во сад за печење ставете масло за готвење, па еден ред од пржените домати, потоа врз нив од сосот, па повторно домати, па сос… На крај прелијте со смесата од сирењето. Печете околу 40 минути на 180 степени.
Оваа мусака ќе стане вашето омилено јадење 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава
Плескавица во пица лепче со кајмак