Летово бидете во топ форма: 3 намирници со кои ќе слабеете

Летово бидете во топ форма: 3 намирници со кои ќе слабеете

Доаѓа летото, периодот во кој сите се трудиме да бидеме во топ форма. Температурите растат, пиеме повеќе вода, а потребни ни се и многу овошје и зеленчук. Ви претставуваме намирници кои треба да ги конзумираме во овој период и кои освен одличниот вкус, носат и многу благодети за нашето здравје.

ЛУБЕНИЦА
Освен што лубеницата има одличен вкус и е навистина освежителна за летните денови, исто така ни помага да бидеме во топ форма и да го сочуваме нашето здравје. Лубеницата содржи најголем процент вода, па така нема да погрешите ако вашите жед и глад ги изгаснете токму со ова овошје. Таа содржи и многу витамин А, витамин Б како и витамин Ц кои го чуваат нашето здравје.

ЈАГОДИ
Јагодите се едно од омилените видови овошје кај речиси сите луѓе. Освен што се вкусни, јагодите се и здрави за конзумирање. Содржат фолна киселина, па затоа се препорачуваат за трудници, а во себе содржат и други важни витамини како витамин Ц, но и железо, со што зајакнуваат нашиот имунитет. Јагодите се нискокалорични, па не мора да се грижите за вашата фигура додека ги јадете. Докажано е дека ја намалуваат депресијата, но и ризикот од други сериозни заболувања.

АНАНАС
Не залудно ананасот го нарекуваат крал на овошјето. Богат е со ензими, минерали и витамини корисни за нас и нашето здравје. Содржи калциум, калиум, магнезиум, јод, цинк, манган, витамин А, Е и Ц.  Тој го потикнува метаболизмот па затоа е одличен во борбата со целулитот и вишокот килограми.

Летото е дефинитвно период од годината кога можеме да уживаме во одлични вкусови и свежина на овошјето и зеленчукот, без да накачиме килограм плус на себе.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Со Нордиска диета слабејте без гладување

Протеините – основа на ефикасните диети

ВАЖНО: 5 намирници за рамен стомак ова лето

Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко