Млад компир со лукче – вистински деликатес

Млад компир со лукче – вистински деликатес

Во екот на сезоната на млади компири, прочитајте еден брз, а во исто време многу вкусен рецепт:

Состојки:

  • 500 гр млад компир
  • 5-6 чешниња лук
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • лимон

Начин на готвење:

  1. Купете млади компири со мала или средна големина. Младите компирчиња нема потреба да ги лупите, само измијте ги убаво и исечете ги на половинки. Посолете ги и додајте црн бибер и други зачини по вкус.
  2. Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло и малку лимонов сок и сол. Истолчете убаво, додадете ги во садот со компирите и промешајте убаво.
  3. Ставете во загреана рерна да се печат 45-50 минути или се додека не добијат кафеана боја и малку крцкава кора.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт

ВИДЕО: Излупете компир за 5 секунди

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Каков добар рецепт – Домашен крцкав чипс (видео)