Колку добро знаеле да се хранат австиските императори. Направете го овој специјалитет според рецептов и барем за миг почувствувајте како е да се биде вистински цар 🙂
Состојки:
- масло за готвење
- 4 јајца
- 250 гр брашно
- 1/2 литар млеко
- 30 гр суво грозје
- малку сол
- 30 гр шеќер
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Брашното, шеќерот, солта и жолчките се мешаат со млекото до добивање на хомогена густа смеса (слично на палачинките). Белките се матат посебно и се додаваат во тестото. Промешувате додека да добиете компактна смеса.
- Маслото се загрева, се налива смесата во тавата без да се меша и се посипува со суво грозје. Кон самиот крај, се превртува и се допекува од другата страна на силна рерна. Се сечка на парчиња кои ги потпекувате во тавата додека да фатат дополнителна боја.
- На крајот се сервира во чинија, се посипува со шеќер во прав. Според традиционалниот рецепт, се служи со компот или мармалад од сливи и сос од јаболка. Но, секако може да се служи и со други видови џем, слатко и преливи по избор.
Бидете креативни и секој пат ќе имате различен вкус 🙂
Преслатко: Реакција на бебиња кога за прв пат пробуваат сладолед (видео)
Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)
Прочитај интересни Gotvi.mk рецепти:
Брзо и освежително: Смути од шумски плодови
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?
ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири