240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Многумина оваа година ќе заминат на летување во Црна Гора, па споделуваме искуство од оние кои веќе се вратиле од црногорското приморје.

„Вчера се вратив од Црна Гора, прилично сум разочарана бидејќи наместо да си поминам убаво, се нервирав за високите цени и што се наплатува. Најпрво, водата е ладна, но тоа е објективен проблем на кој Црногорците не можат да влијаат. Но, на тоа што можат да влијаат е да ја исчистат водата. Водата е многу нечиста и понекогаш полна со измет“, вели една Србинка за Telegraf.rs.

Ако останете еден ден во Црна Гора, а не јадете и не пиете ништо, и тоа ќе ве чини речиси евро бидејќи туристите имаат обврска да плаќаат туристичка такса од 90 центи по ден.

Кога храната е во прашање, ова лето овошјето е речиси луксуз во Црна Гора. Ако посакате да јадете цреши, треба да издвоите 4 евра за килограм, а за праски 2.5 евра.

Ако сакате да јадете плескавица и да купите мала флаширана вода, за тоа ќе платите од 4 до 6 евра.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Ќе патувате во Грција? – Внимавајте што носите преку граница зашто…

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

 

Преземено од Прес24