Баклавата е многу вкусен специјалитет. Ама, баклавата со вишна… 🙂 Еве го рецептот на Зорица:
Состојки:
- 500 гр кори
- 3 јајца
- 300-400 гр вишни
- 200 гр шеќер
- 200 гр масло
- 200 гр кисела павлака
- 1 прашок за пециво
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Најпрво подгответе го премазот на следниот начин: Се матат јајцата и шеќерот додека се стопи шеќерот и потоа се додаваат маслото, павлаката и прашокот за пециво.
- На подмачкано тавче се редат корите и секоја кора се премачува со премазот (долните со помалку премаз, а погорните со повеќе премаз – повеќе пати се мачка иста кора).
- На половина од корите се додаваат вишните, па се продолжува со редење на корите и премазот.
- Последните 2 кори се попрскуваат само со маслото (за да бидат крцкави отккао ќе се испечат).
- Потоа подгответе го шербетот на следниов начин: ставете во сад да се вари 2-3 шољи (200 гр) вода, со 2-3 шољи (200 гр) шеќер, 1 прашок ванила додека да зоврие.
- По печењето, баклавата се прелива/попарува со шербетот.
- Наредената баклава се сече на начин по ваш избор и се пече на температура 20-25 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
Повеќе рецепти за вкусни десерти тука
Готви со љубов и уживај во храната 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути