Ви ја претставуваме новата царица на плескавиците 🙂 Прочитајте го рецептот на Филип и имајте пријатен ручек.
Состојки:
- 500 гр мешано мелено месо
- 2 главици кромид
- магдонос
- 3 лажици презла
- зачини по вкус (сол, мешан сув зачин, бибер, буковец)
- 200 гр мешан кашкавал
- 100 гр сланина
- масло за јадење
Начин на подготовка:
- Во сад го ставаме меленото месо. Го додаваме ситно сецканиот кромид и ситно сецканиот магдонос.
- На смесата ја додаваме презлата, зачините и масло са јадење.
- Убаво ја месиме смесата и ја оставаме околу 3 часа во фрижидер со цел состојките убаво да се спојат.
- Од добиената смеса формираме 4 топчиња за 2 плескавици.
- Земаме едно од топчињата и му ставаме 100 гр кашкавал и 50 гр од претходно ситно исечканата сланина. Филип за подобар вкус на овој рецепт вели дека купува сланина на Пекабеско.
- Поклопуваме со второто топче и формираме плескавица.
- Истото го повторуваме и со другите две топчиња. Ги премачкуваме плескавиците со масло и пржиме на скара додека не поруменат.
- Се сервираат со помфрит или некоја свежа салата.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна