Откако ќе претерате со месото, тестенините и салатите, и ќе почувствувате дека накачивте некој килограм кој ви пречи, време е да го пронајдете идеалниот план за слабеење.
Никој не би ви ги препорачал брзите диети или апчињата кои ви ветуваат совршена линија, па затоа ви нудиме апсолутно природни алтернативи.
Одберете си барем 4 лесни начини кои ќе ги комбинирате и благодарение на нив ќе ослабете 2 до 5 килограми за само една седмица.
1. Пијте многу вода
Не енергетски пијалаци, смути и свежи сокови – исклучиво вода. Другите течности во себе кријат шеќери и калории кои само ви ја влошуваат ситуацијата. Водата од друга страна, има 0 калории, јаглехидрати и шеќери, па слободно можете да посегнете по чашата кога и да сакате. Неколку парчиња лимон и нане во неа се секогаш добредојдени.
2. Ослободете се од белиот леб и тестенините
Променете си ја навиката да појадувате леб и да вечерате тестенини и веднаш ќе забележите промена. Фактот што нема да се чувствувате подуено, ви помага во сам старт. Белиот леб заменете го со житарици од цели зрна, а разните сосови за тестенини, како и самите макарони и шпагети – заменете ги исклучиво со свеж зеленчук.
3. Пијте кафе 1 час пред вежбање
Ова е единствен исклучок кој може да го направите од „воденото правило“ кое претходно го споменавме. Баш како што утринското кафе ве прави попродуктивни, така испиеното кафе пред тренингот ви го забрзува метаболизмот и ви дава енергија. Само, се работи за црно кафе без никакви додатоци.
4. Имајте секс во пози во кои вие сте горе
Не дека ви е потребен изговор да го наговорите партнерот на вакво нешто, но факт е дека ова е одличен начин да согорите неколку масти вишок.
5. 36 склекови и исчекори секој втор ден
Склековите го обликуваат горниот дел од телото, додека исчекорот работи на задникот, колковите и бутовите. Доволни ви се 3 сета од по 12 вежби секој втор ден.
6. Спијте дополнителни 30 минути навечер
Тој половина час сон ќе ви даде доволно енергија за да направите вистински избори во текот на денот. Со други зборови, кога сте наспани имате помала желба за шеќери и кофеин кои наводно треба истата да ја зголемат.
7. Откажете се од еден тип на храна
На пример, ако се откажете од чипс или десерт после вечерата, можете само да одземете неколку калории во текот на денот. Вашето тело нема да забележи толкава разлика, а долгорочните резултати се загарантирани.
8. Лосос за ручек
Полн е со хранливи состојки кои ги тонираат вашите мускули, а на кожата и даваат беспрекорен сјај. Плус, така нема да посегнете по парче мрсно месо.
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Со Нордиска диета слабејте без гладување
Протеините – основа на ефикасните диети
ВАЖНО: 5 намирници за рамен стомак ова лето
Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена
Брза диета според вашата градба на тело
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко
Преземено од Хајд Парк