Зорица вели дека овие ќофтиња ги прави како мезе за гости или како лесна вечера за целото семејство. Ние го пробавме нејзиниот рецепт и резултатот е навистина вкусен 🙂
Состојки:
- 1 поголема тиквичка
- 2 моркова
- 2 компира
- 2 јајца
- 6 супени лажици брашно
- 1/2 прашак за пециво
- магдонос по вкус
- сол, црн бибер и други зачини по желба
Начин на готвење:
- Зеленчукот се ренда и се меша со останатите состојки додека се соедини смесата.
- Ги ставаме да се пржат на врел зејтин така што од смесата со супена лажица се зема ќофтето и се става во зејтинот да се испржи.
- Овие кофтиња се совршени да се послужат со сос од павлака.
Основната смеса по желба може да се смени и да се додадат сувомесни производи, праз, печурки, сирење, кашкавал итн.
Уживај во храната и готви со љубов!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек