Гордана има одличен инстант рецепт со кој ќе направите домашно цвекло десет пати повкусно од она кое го купуваме. Добивате природно цвекло, без конзерванси и што е најважно – целосно прилагодено на вашиот вкус.
Состојки:
- 3 средни цвекла
- сол
- маслиново масло
- оцет
Начин на подготовка:
- Цвеклото го лупиме и го сечкаме на тркалца.
- Го ставаме во вода да се вари. Откако водата ќе зоврие, ја намалуваме температурата и го оставаме да се довари уште 20 минути.
- Оставете го цвеклото да се олади надвор од водата. Ставете го потоа во длабок сад и зачинете со со сол, масло и оцет по вкус.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти и вести:
ВИДЕО: Домашно крем сирење со само 2 состојки
ВИДЕО рецепт: Еве која е тајната за вкусно домашно ѕаѕики
Најдобар рецепт за домашно ќофте
Телешка чорба со домашно лепче
Работите ноќе или не спиете до доцна? – ова овошје мора да го јадете
ВИДЕО: Рецепт за најскапиот бургер во светот