Кој може да одолее на мирисот на тазе печени домашни кифлички? А, вкусот е нешто неповторливо 🙂 Еве како да ги приготвите:
Состојки:
- 1 кг брашно
- 2 квасец
- 1 мала шолја масло за готвење
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
- сусам
- 2 жолчки
- путер или маргарин
- 2 мали шолји млака вода
Начин на готвење:
- Во млака вода (1 мала шолја) се става квасецот со шеќерот и солта.
- Откако квасецот ќе стаса се додава во брашното.
- По ова, во брашното се додава и втората мала шолја млака вода и шолјата со зејтин.
- Се замесува меко тесто и се чека да нарасне околу 45 минути.
- Откако ќе нарасне тестото се расукува и од него се формираат кифличките.
- Во премачкан плех со путер/маргарин се ставаат кифличките и се оставаат уште еднаш да нараснат.
- Кифличките се премачкуваат со разматена жолчка, се посипуваат со сусам и на секоја кифличка се става по едно мало парченце путер или маргарин.
- Се печат околу 25 минути на температура од 180 степени.
Рецепт за кифли на војводински начин тука
Посни и вегетаријански рецепти тука
Совети:
Наместо млака вода, може да се употреби и млако млеко. Со тоа кифлите ќе добијат млечен вкус.
Доколку постите или се храните вегетаријански, наместо путер, употребете растителен маргарин, а наместо со жолчка, пред печењето кифличките премачкајте ги со зејтин или раствор од вода и сол.
Готви со љубов и уживај во храната <3