Работите ноќе или не спиете до доцна? – ова овошје мора да го јадете

Работите ноќе или не спиете до доцна? – ова овошје мора да го јадете

Исхраната кај луѓето кои работат во смени треба да биде посебно прилагодена бидејќи се покажало дека во тие ситуации луѓето кои работат ноќе многу често посегнуваат кон „погрешна храна“ што може да биде претставува ризик за зголемување на телесната тежина и разни хронични болести.

Црешите го содржат хормонот мелатонин кој помага да се воспостави ритам на спиење и будност.

Прашање на читатели:

„Два пати неделно работам ноќна смена од 20 часот вечерта до 08 часот наутро. Во колку часот би требало да го изедам последниот оброк и што би требало тоа да биде?“

Одговор на нутриционистот Дариј Вранесиќ Бендер:

„Исхраната кај луѓето кои работат во смени треба да биде посебно прилагодена бидејќи се покажало дека во тие ситуации луѓето кои работат ноќе многу често посегнуваат кон „погрешна храна“ што може да биде претставува ризик за зголемување на телесната тежина и разни хронични болести. Главното правило е да јадете повеќе мали лесни оброци за време на „будниот период“. Така на секои три часа земете мал оброк, лесен сендвич, сезонско овошје, јаткасти плодови, испијте природен сок, изедете салата како главен оброк со месо, риба или сирење.

Пред спиење изедете оброк кој има повеќе јагленихидрати, на пример банана или шејк на база на банана или тестенини доколку сте во можност. Секако, избегнувајте ја брзата и пржена храна, бидејќи работата во смени е шок за вашето тело. Затоа обидете се помалку да го оптеретувате и наградете го со природни состојки кои ќе му помогнат. Црешите го содржат хормонот мелатонин кој помага да се воспостави ритам на спиење и будност па така имајте ги секогаш во предвид“.

ВИДЕО: Едноставен трик за најбрзо вадење на семките од цреши и вишни?

Погледни кулинарски совети, трикови и рецепти тука

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Охридски чомлек

Пица лазања

Свежа салата со тестенини

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Која е тајната за совршени лазањи

ВИДЕО: Домашно ќофте на шведски начин

Торта со јагоди

 

Преземено од Прес24

singlepost_text