Вкусот на сочна и блага јагода е неодолив.. А, откако ќе ги откриете нивните здравствени предности, дефинитивно ќе ги засакате уште повеќе.
Еве зошто се смета дека треба да консумираме јагоди:
1. Го зајакнуваат имунитетот и богати се со витамин Ц, кој ве штити од инфекции.
2. Ги спречуваат срцевите заболувања така што се богати со флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против лошиот холестерол.
3. Богати се со влакна, заради кои лесно го регулираат нивото на шеќер во крвта.
4. Сиромашни се со калории, па многу лесно ја намалуваат телесната тежина, а ве одржуваат сити.
5. Големото присуство на фолна киселина помага во развојот на бебето и ги спречува проблемите при породувањето, што значи препорачливи се за сите трудници.
6. Одлични се за зајакнување на коските заради магнезиумот, калиумот и минералите кои ги содржат.
7. Фолната киселина, витаминот B5 и B6 го спречуваат губењето на косата.
8. Две до три порции јагоди неделно го одложуваат стареењето на мозокот и го подобруваат памтењето.
9. Имаат антивоспалително дејство и ја ублажуваат болката во телото.
10. Полни се со антиканцерогени материи.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти со јагоди:
Слатко од јагоди – се прави сега, а се јаде цела година
Брз рецепт за чоколадни јагоди
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди