Нов рецепт од кујната на Ана – вкусни таљатели со сланина, лук и босилек. Пробајте и ќе барате да направите и од другите нејзини рецепти 🙂
Состојки:
- таљатели
- 100 гр сланина
- 3 чешниња лук
- 1 рака босилек
- маслиново масло за јадење
- кашкавал или моцарела
Начин на готвење:
- Таљателите сварете ги според упатството на кесичката. Исцедете ги, посолете и полијте ги со маслиново масло.
- Во меѓувреме додека се варат таљателите, исечкајте ја сланината на ленти, иситнете го лукот и скинете го босилекот на ливчиња. За ова јадење Ана употребила сланина на Пекабеско.
- Сланината, лукот и босилекот ставете ги во тава во која претходно сте ставиле малку масло за готвење и пропржете ги.
- Смесата ставете ја во тенџерето со исцедените, посолени и полиени со маслиново масло таљатели. Мешајте додека убаво не се соедини.
- Сервирајте во чинии и по вкус одозгора изрендајте кашкавал или моцарела сирење.
На здравје!
Прочитај и:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Италијанско предјадење за цело семејство