Има многу различни и добри рецепти за салата со брокула. Но, овој рецепт подготвен од Шеф Никола Мишковски од ресторан Камник за време на часовите по готвење во рамки на проектот Кулинари ќе го запамтите бидејќи оваа салата ќе ја правите секој ден.
Состојки за 1 порција:
- 1/4 средна големина на брокула
- 1/2 јаболка
- 1 лажица кисела павлака
- 1 лажица мајонез
- 10 гр ореви
- 10 гр бадеми
- 10 гр суво грозје
- 1/2 лажичка мед
За подготовка на ова јадење потребно ви е и длабок сад за мешање, лажица за мешање, како и длабока чинија за сервирање.
Начин на подготовка:
- Подгoтвете ги намирниците: брокулата ја сечкате на тенки лентички, јаболкото на коцкички, а оревите и бадемите ги сечкате ситно.
- Во длабок сад ги додавате брокулата, киселата павлака, мајонезот, јаболката, оревите, бадемите и медот. Зачинувате со сол и бибер по вкус и промешувате додека да се соединат сите состојки. Доколку не сте љубител на мајонез, заменете го со дополнителна количина на кисела павлака.
- Сервирате во длабок сад. Одозгора додадете го сувото грозје и дополнително декорирајте по желба.
Добар апетит!
Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/
Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:
Телешко месо во сос од буковка