Во недела, 5 јуни, со почеток од 12 часот во Градскиот парк во Скопје, зад споменикот Гоце Делчев, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора Македонија организира голем хуманитарен пикник.
„Светскиот пикник” се организира по повод 10 годишнината од постоењето на Советот, и со таа цел странските инвеститори во Македонија ќе се обидат да претстават дел од културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.
Странските инвеститори при Советот кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија ќе се обидат да приредат вистинско гастрономско патување на посетителите во Градскиот парк.
Настанот е отворен за сите посетители, а поради хуманитарниот карактер на настанот, храната ќе се послужува за симболична цена од 100 денари. Собраните средства ќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, секој посетител ќе добие можност да вкуси автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата предвидени се едукативни и интерактивни игри.
Прочитај повеќе вести:
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
ФОТО: Џејми Оливер чека петто дете
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко