Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

Грците од вчера се соочија со нов бран поскапувања како резултат од барањата на кредиторите во замена за исплата на дополнителни средства за земјата од меѓународниот пакет помош.

Од вчера данокот на додадена вредност (ДДВ) е зголемен од 23 на 24 отсто. Исто така зголемен е и данокот на интернет услуги, фиксна телефонија и на плаќањето на ТВ претплата. Најмногу поскапеа кафето и пивото.

Еве кои се новите цени во Грција:

Лебот чини од 70 центи до 1, 20 евра, литар млеко од 1 до 2, 5 евра, пакувањето со 6 јајца е околу 1, 20 евра, литар маслиново масло може да се најде и за 5 евра, јогуртот е од 2 до 4 евра, фета сирењето од 5 до 7 евра, а доматот до 1, 5 евра. Лубеницата е 80 центи за килограм, а лимонот околу 1 евро.

Гирото може да се купи од 2,5 до 3 евра, а толку чини и пивото. Парчето пица е 1, 5 евра, а бензините во просек чинат 1, 34 евра.

Најновото зголемување на данокот наиде на остри критики од страна на сопствениците на малите компании, поради тоа што според нивните зборови ќе зададе удар на потрошувачката во земјата која се уште се опоравува од шестгодишната финансиска криза, која доведе до пад на БДП за една четвртина и скок на стапката на невработеност за 24 отсто.

„Шестото зголемување на стапката на ДДВ за шест години и второто по ред во последните десет месеци, значи дека нашите животи од денес ќе бидат поскапи за 437 милиони евра годишно, додека истовремено секое зголемување на данокот ја крати потрошувачката, обртот и државните приходи“, изјави директорот на Грчката конфедерација на претприемаштвото и трговијата, Василис Коркидис.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

ФОТО: Џејми Оливер чека петто дете

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

 

Превземено од Прес24