Ние во редакцијата на Gotvi.mk познаваме многу луѓе на кои овој сос им е еден од најомилените со месо или некоја салата. Еве многу мал дел од она што го научивме за време на Часовите за готвење со Шеф Маре Јаневска – готвач во Британската амбасада и резиденција, а во рамки на проектот Кулинари.
Состојки:
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
- сок од1/2 лимон
- сол и бибер
- 1 лажичка соја сос
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Состојките додавајте ги по овој редослед.
- Со додавање на секоја нова состојка, убаво мешајте да стане компактна смесата.
- На крај, го додаваме маслиново масло за јадење и мешаме додека да се згусне.
Повеќе информации за часовите за готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“, а во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/.
Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:
Телешко месо во сос од буковка
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо