Ана е навистина инвентивна во кујната и секој рецепт кој ни го праќа е посебно вкусен и неодолив. Прочитајте го нејзиниот рецепт за една поинаква мусака…
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 150 гр тестенини
- 1 кромид
- модар домат
- 3 чешниња лук
- 1 морков
- 1 салат краутер
- босилок
- салца или доматен сос
- јајца
Начин на готвење:
- Во тава за печење наредете кругчиња модар домат. Исечете ги со средна големина.
- Месото пропржете го со сечканиот кромид, лукчето, ренданиот морков, сосот, ситно сечканиот босилок и сосот од домати. Зачинете по вкус.
- Кога ќе биде готова, смесата извадете ја и ставете ја во посебен сад.
- Во течноста која ќе ви остане ставете ги тестенините и вратете на оган додека не омекнат. Повремено промешувајте. Вратете ја смесата во садот со тестенините и промешајте додека не стане компактна.
- Посипајте ја во тавата за печење врз модриот домат. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
- Во меѓувреме изматете ги јајцата со рендано сирење или кашкавал по вкус. Количината на сирење или кашкавал одредете ја самите.
- Ставете ја рамномерно врз испечената мусака. Исклучете ја рерната и тавата оставете ја внатре додека да фати кора и порумени.
- Извадете ја тавата и оставете малку да се олади. Сервирајте го секое парче на двопек и сос по вкус (чили, сос од лук и кисело млеко или кисел благ сос).
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава
Плескавица во пица лепче со кајмак