Иако не знаеме зошто и кај сме го научиле ова, сите вариме шпагети во големо тенџере. Чекаме да зоврие водата, ги додаваме тестенините, малку масло потоа процедуваме.
Но, авторот на ова видео ќе ве убедува дека грешите, си одземате од драгоценото време, а и трошите многу повеќе вода.
Тој шпагетите ги стави во тавче, ги прели со ладна вода (доволно за да се прекријат) и ги остави да се сварат. Тестенините за многу брзо време беа готови, не беа воопшто залепени, а водата која остана тој ја искористи за подготовка на сос.
Погледнете го видеото и пробајте сами за да се уверите:
Прочитај и:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: