Ани вели дека ја приготвува оваа палачинка многу често кога ќе и се најават гости, особено пријателите кои ја обожаваат. Се прави многу брзо и едноставно, а доколку се изеде, лесно се прават повеќе. И тоа додека прави муабет со гостите 🙂
Состојки:
- 7 лажици брашно
- 3 јајца
- 300 мл млеко
- 125 гр путер
- 200 гр павлака Пекабела
- 200 гр шунка Пекабеско
- 200 гр кашкавал
Начин на подготовка:
- Ги матиме јајцата, брашното и млекото сé додека не добиеме густина за смеса за палачинки.
- Во голем плех се става путерот и се загрева во загреана рерна на температура од 180 степени додека целосно не се растопи.
- Ја додаваме смесата на загреаниот и растопен путер. Печеме околу 20 минути на истата температура. Ја вадиме палачинката од рерната и ја оставаме малку да се олади.
- Филуваме со павлака, парчиња кашкавал и шунка. Потоа ја ролуваме во форма на голема палачинка, сечеме на парчиња и сервираме во украсна чинија. За овој рецепт Ани употребила шунка на Пекабеско и павлака Пекабела. Вели, така комбинацијата на вкусови е совршена 🙂
Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт