Часови за готвење: Британска кујна – Научете како се готват шкотски стек, чоколадна торта со Гинис…

Часови за готвење: Британска кујна – Научете како се готват шкотски стек, чоколадна торта со Гинис…

Британските острови не се познати само по Кралицата или чајот во 5 часот. Всушност, британската кујна е оригинален сплет од различни кујни и се приготвува со квалитетни прозиводи. Гастро-шеф Маре Јаневска од Британска амбасада е вистинската личност која може да ве научи како се приготвуваат шкотски стек, пролетна салата, погачици и чоколадна торта со Гинис на правилен британски начин.

Обуката ќе се одржи во рамките на проектот Кулинари, на 31 Мај, со почеток во 18 часот, во кујната на средното угостителско – СУГС „Лазар Танев“ во Скопје.

Цената на обуката изнесува 1.200 денари, а секој учесник освен можноста да научи практично како да ги припрема овие специјалитети, ќе добие подарок брендирана кујнска престилка и дрвена лажица за готвење. По завршувањето на курсот сите учесници ќе добијат сертификат.

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк: https://brainster.co/courses/chasovi-za-gotvenje-britanska-kujna-so-mare-janevska-1

Организаторите нагласуваат дека на часот секој треба да дојде во удобна облека, бидејќи ќе се готви стоејќи. На часот секој ќе готви за себе и ќе му биде обезбедено потребен материјал за работа (опрема и намирници за готвење).

Часови за готвење АРНО и Угостителско Лазар Танев

Повеќе информации за проектот и за здружението АРНО:

Во рамки на проектот Кулинари 2.0, добитник за наградата Social Impact Award, здружението за социјални иновации „АРНО“ организира часови за готвење.

Оваа иницијатива е прва од овој вид во Македонија и има за цел да го подобри имиџот на кулинарството и гастрономијата, како и да ги мотивира учениците-готвачи повеќе да ја засакат својата професија. Собераните средства ќе се реинвестираат во учениците од СУГС „Лазар Танев“ преку посебна програма за нивна полесна транзиција на пазарот на труд.

Асоцијација за развој на нови опции „АРНО“ е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена(читај:подобрување) на општеството. Во моментов функционираме како хибридна организација (граѓанска организација со економски активности).

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Телешко месо во сос од буковка

Салата со рукола и пилешко

Полнети тиквици

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата