ВИДЕО: Домашно крем сирење со само 2 состојки

ВИДЕО: Домашно крем сирење со само 2 состојки

Изгледа неверојатно, а се прави со само 2 состојки и тоа: јогурт и сол. Потребни ќе ви бидат и гази за процедување. Единствената маана му е тоа што ќе треба малку да стрпете додека да биде готово за јадење, но резултатот е фантастичен :-)Јогуртот го ставате во 6 пачиња газа да се процеди 24 часа. Повремено истурајте ја водата за да не се впие назад.

Извадете ја отстоената смеса во посебен сад и додајте и 1 лажица сол. Убаво измешајте додека не се соедини.

Одберете помал сад и ставете 2 парчиња газа. Внимателно ставете ја посолената смеса и најодозгора ставете чист проѕирен најлон.

Убаво завиткајте го и исечете го вишокот газа. Одозгора ставете парче картон и нешто потешко за да добие рамен облик. Оставете го сирењето во фрижидер да зрее 2 дена.

Внимателно одмотајте и сервирајте го во тањир како на видеото:

Верувајте, овој рецепт ќе ве направи вистински мајстори во кујната!

Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови погледнете тука

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

Бујурди – топено сирење

ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

ВИДЕО рецепт: Начос со зеленчук

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Малиџано – одличен домашен рецепт