Од француската кујна, а по неодоливо вкусен рецепт на Шеф Marc De Jongh ги издвојуваме полнетите тиквици. Овој специјалитет беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.
Состојки:
- Половина тиквица (средна големина)
- 4 шери домати
- Сол и бибер по вкус
Состојки за фил за полнење на тиквиците:
- 100 гр модар домат
- 2 чешниња лук
- сол по вкус
- 50 мл масло за јадење
За подготовка на овој прилог за главно јадење потребно ви е и тава, сад за печење и блендер.
Начин на подготовка:
- Тиквиците ги сечете на долги правоаголници (со должина од 5 сантиметри) и со лажица вадите половина од средишниот дел, а потоа ги ставате во тава за печење заедно со шери доматите, малку вода, сол и бибер по вкус.
- Ги печете 10 минути во предходно загреана рерна на 180 степени.
- За филот потребно е модриот патлиџан, лукот и кромидот со малку масло за јадење и сол да се изблендираат. Смесата за фил ја пропржувате на загреана тава со малку масло за јадење. Тиквиците ги полните со филот и одозгора ги ставате шери доматите.
Добар апетит!
Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/
Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата