Подготвувате роденден за вашето дете или внуче? Еве еден превкусен и брз рецепт за да направите мини пици кои сите деца ќе ги обожаваат. Па, и возрасните гости 🙂
Состојки за подготовка на тесто за мини пица:
- 500 гр брашно
- 3 мали лажици сол
- 2 големи лажици шеќер
- 1 квасец или прашок за печиво
- 1 шолја млеко
- 200 мл вода
- масло за готвење
Состојки за подготовка на пицата:
- доматен сос
- шунка
- печеница
- кашкавал
- печурки
- маслинки
- маргарин или путер
Начин на готвење:
- Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма.
- Оставете го во сад да стаса околу 1 час.
- Формирајте мали кругови од целото тесто.
- На површината од секое тркалезно тесто нанесете доматен сос или кечап. Краевите по целата површина намачкајте ги со малку маргарин или путер.
- Изрендајте го кашкавалот, а шунката и печеницата нека ви бидат исечени на тенки ленти, а потоа и на половинки. Ставете ги врз подготвеното тесто.
- Исецкајте ги печурките и маслинките. Ставете ги одозгора.
- Печете според ваш вкус во загреана рерна. Не ги препекувајте, мини пиците нека бидат меки.
Совет: Комбинирајте – на дел од пиците ставете шунка, на дел печеница. Истото направете го и со маслинките и печурките.
Среќен роденден <3
За повеќе видеа со кулинарски трикови кликнете тука: https://gotvi.mk/category/tips-tricks/
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: