Елбасан тава на поинаков начин

Елбасан тава на поинаков начин

Елбасан тавата го добила своето име по градот Елбасан кој се наоѓа во соседна Албанија. Еве како оваа популарна тава да ја приготвите по рецепт на Соња.

Состојки:

  • 500 грама јагнешко месо
  • 1 шолја ориз
  • 2 шолји вода
  • 4 јајца
  • 1 канче кисело млеко
  • сол и бибер

Состојки:

  1. Јагнешкото месо го ставате да се пече во рерна на висока температура околу 30 минути. Доколку ви е полесно, можете месото да го испечете во најблиската фурна.
  2. Оризот се запржува со малку масло за готвење и се додаваат 2 шолји вода, како и сол и бибер по вкус.
  3. Кога ќе испари водата се додаваат јајцата кои се претходно изматени со кисело млеко, се промешуваат со оризот и се тоа се пече.
  4. Во оризот може да се стави и малку од маснотијата во која го јагнешкото месо.
  5. Целата смеса ја ставате во садот со јагнешко месо по половина час печење на месото. Продолжувате со печење додека тавата не порумени.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Турлитава со соја сос

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Веге тава

Турли тава со пилешко месо

Тава полна зеленчук

singlepost_text